Управата на Реал Мадрид и голманот Тибо Куртоа ги договорија сите детали за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на Куртоа со Реал Мадрид истекува во идното лето, но челниците на клубот одлучија навреме да го обезбедат неговото останување на „Сантијаго Бернабеу“.
Според весникот „Ас“ кој е близок до управата на Реал Мадрид, Куртоа го прифатил предлогот на „кралевите“ за продолжување на соработката и наскоро се очекува сето тоа да биде ставено на хартија и официјално потпишано од двете страни. Засега не е познато дали 34-годишниот голман ќе потпише едногодишен договор како што прави Реал со играчите постари од 30 години или ќе добие подолг договор.
Управата, но и тренерот Жозе Мурињо, го сметаат Куртоа за еден од клучните играчи на тимот кој треба да донесе нови трофеи.
Тибо Куртоа во Реал Мадрид пристигна во 2018 година од Челси и со „кралевите“ освои грст трофеи, три титули во Ла Лига, еден кралски куп, два шпански Суперкупа, две титули во Лигата на шампионите, два УЕФА суперкупа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
