Куртоа стигна до 100 меча без примен гол во дресот на Реал Мадрид

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го одигра својот 100-ти натпревар во Примера без примен гол. Белгискиот голман влзе во историјата на „кралевите“ преку мечот со Виљареал.

„Кралевите“ во последното коло од Пример одигра само нерешено, 0-0, а со тоа Тибо стана само петтиот голман во 21 век со такво достигнување.

Белгискиот чувар на мрежата на Реал има 100 „суви“ мрежи на 217 одиграни средби во Примера. Пред него ваков резултат има само голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Словенецот стигна до 100 натпревари без примен гол на 182 натпревари.

Се вчитува...