Куртоа: Тежок удар, но Италија заслужено победи

Белгијците не успеаја да се пласираат во полуфиналето на ЕВРО 2020. Тие повторно беа елиминирани во четвртфиналето, а овојпат Италија им застана на патот.

Голманот на Реал МАдрид, Тибо Куртоа изјави дека Италија во целост ја заслужува големата победа, иако напомена дека неговата селекција покажала одлична игра, но не успеала да ги искористи укажаните шанси за гол.

„Тежок удар, но знаевме дека ќе биде тешко. Имавме две одлични можности, но нивниот голман имаше добри одбрани. Мислам дека им го дадовме првиот гол премногу лесно. Ваква шанса за гол можеше да има и на нивната половина од теренот, но Италија апсолутно ја заслужи победата“, изјави Куртоа.

Иако беше под знак прашалник, Кевин де Бруин го одигра целиот натпревар.

„Се обидовме да ги победиме сите противници. Тие постигнаа фантастичен погодок, но првиот беше наша грешка. Имаа поголем посед, а топката не нè слушаше, што и не ни дозволи да ја спроведиме нашата игра. Елиминацијата е секогаш разочарување“, изјави Кевин.

Се вчитува...