Куртоа трагичар, „бледите кралеви“ повторно не победија (ВИДЕО)

Реал Мадрид продолжува со слабите партии во новата сезона. „Кралевите“ повторно одиграа бледо и само резмизираа на гостувањето кај Вилјареал 1-1. Избраниците на Зинедин Зидан поведоа уште во 2. минута со еден сомнителен гол на Маријано Диаз.

Клучниот момент се случи во 76. минута кога Тибо Куртоа несмасно стартуваше над Чуквуезе по што главниот судија досуди пенал кој успешно го реализираше Морено.

Реал Мадрид останува четврти со 17 бода два помалку од денешниот противник кој е на втората позиција.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...