Кутињо донесе одлука: Останува во Премиерлигата, но не во Астон Вила

Фантастичните игри на Филипе Кутињо не минуваат незабележано, па Бразилецот е повторно на цена. Кутињо со сигурност ќе ја продолжи кариерата во Премиер-лигата, но Астон Вила не е единствената опција.

Според медиумите од Англија, проблем за Вила е огромната плата на Кутињо од која тој не сака да се откаже, а истата е подготвен да ја преземе Арсенал!

Микел Артета сака свежа крв во нападот, „Топчиите“ ќе бараат „деветка“ престојното лето, но одлично би им дошол и Кутињо заедно со Одегард и Смит-Роу.

Цената на Кутињо е позната, таа изнесува 40 милиони евра и секој што ќе ја исплати оваа сума на Барселона може да го доведе Бразилецот во своите редови. Во игра наводно е и Тотенхем, но Арсенал е посериозен во оваа трка, тврдат англиските медиуми.

Стивен Џерард ќе направи се за да го задржи во Вила, но прашање е дали тоа ќе биде доволно. Кутињо досега постигна четири гола и додаде три асистенции на осум меча во дресот на Астон Вила.

Се вчитува...