Кутињо поради повреда ги пропушта квалификациските мечеви за Мундијалот

Филипе Кутињо поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Бразил во квалификациите за Светското првенство, соопшти бразилската фудбалска федерација. Негова замена за натпреварите против Венецуела на 13. ноември и Уругвај четири дена подоцна ќе биде Лукас Пакета.

Офанзивниот фудбалер за врска повредата на бутот ја заработи на мечот против Реал Мадрид кој неговиот тим го загуби со 1-3. Под знак прашање е настапот на фудбалерот на Ливерпул, Фабињо, кој во вторникот на мечот од Лигата на шампионите против Митјиланд ја повреди тетивата.

Бразил заедно со Аргентина е на делба на првата позиција во јужноамериканските квалификации со остварени две победи во исто толку меча.

Се вчитува...