Кузманов: Среќни сме што во Виница повторно се врати фудбалот

Слога Виница остава зад себе извонредна полусезона во Втората лига – Исток завршувајќи ја на делба на лидерската позиција заедно со прилепска Победа но со послаба гол-разлика.

Од одличната полусезона секако задоволен е и стратегот Никола Кузманов, според кого најважен момент е што фудбалот повторно е актуелен во Виница.

„Мислам дека остваривме одлични резултати. Слога покажа дека фудбалот повторно е актуелен во Виница, добрите игри ја вратија назад публиката на трибините како наша важна поддршка“ – вели Кузманов за ЕКИПА притоа дополнувајќи:

„Ќе направиме и детална анализа на одиграното, ќе ги видиме нашите слабости и се надевам дека ќе излеземе со план за засилување со неколку играчи за пролетниот дел како би продолжиле со добрите игри и резултати. Се надевам дека Виница повторно ќе помогне, преку компании и локалната самоуправа, финансиски повторно да бидеме стабилни и единствено да се концентрираме на фудбалот во желбата за остварување на целта за највисок пласман во лигата“.

Се вчитува...