Кузмановски доби уште една битка против Кире Лазаров

Филип Кузмановски и Магдебург излегоа како победници од уште една битка со Кире Лазаров и Нант, откако германскиот тим славеше на домашен терен со 29-28 во рамките од групната фаза од ЕХФ-Купот.

Магдебург клучната предност ја создаде во првиот дел, поведувајќи со 16-12, Нант успеа да фати резултатски приклучок, но не и да избегне пораз на овој натпревар. Филип Кузмановски постигна два гола од три обиди, а стрелец на два погодоци на спротивната страна беше и Кире Лазаров, но од вкупно пет шута кон противничкиот гол.

Македонско дерби се играше и во Бундес-лигата, каде Пешевски со Штутгарт ги совлада Талески и Балинген со 32-26. Репрезентативниот пивот придонесе со три гола во победата на својот тим, додека Талески постигна еден погодок.

Се вчитува...