Кузмановски доби уште една мак-пресметка

Филип Кузмановски и Магдебург продолжија со добри партии, па по двете победи над Нант и Кире Лазаров во ЕХФ-Купот тимот на Магдебург во одличен меч славеше и во Бундес-лигата, на гостински терен над Штутгарт со 27-29.

Кузмановски постигна два погодоци, исто толку во таборот на домаќините постигна и Жарко Пешевски, а најефикасен беше гостинскиот ракометар Дамгард со десет постигнати погодоци.

Лудвигсхафен загуби со 32-27 на гостувањето против Лајпциг, меч на кој голманот Мартин Томовски имаше пет успешни интервенции, меѓу нив и два одбранети седмерци.

Се вчитува...