Кузмановски: И ние го сакаме најдоброто за Македонија, ама…

ЕКИПА во Берлин, Германија

Стеван Цаневски

Еден од најдобрите македонски ракометари, Филип Кузмановски очекувано незадоволен од изданието од националниот тим против Германија и новиот убедлив пораз, но нагласува дека едноставно во овој момент тешко се може против моќните европски селекции.

Кузмановски нагласува дека Германците ја казнувале секоја наша грешка за заслужена победа, а на нас ни останува со максимална борба да се поправи впечатокот против Швајцарија во последното коло.

„Знаевме уште пред натпреварот што не очекува, полна сала и германски ритам кој ја користи секоја грешка на противникот да казнува. Мислам дека потфрливме денеска иако поправивме некои работи во одбраната. Но, тоа е. И нас ни е малку тешко“ – ни изјави Кузмановски, притоа дополнувајќи:

„Сега ни останува мечот со Швајцарија на кој ќе мора да го дадеме максимумот. Верувајте и ние на терен го сакаме секогаш најдоброто за Македонија, но ете денеска не успеавме баш да го исполниме договореното… Ни останува Швајцарија да го дадеме најдоброто на ова првенство“.

Се вчитува...