Кузмановски ќе добие шанса во Магдебург, се повреди и најновото засилување

Филип Кузмановски сепак ќе добие позначителна минутажа во тимот на Магдебург по најновиот малер што му се случи на германскиот прволигаш со повредата на Гисли Кристијансон.

Младиот Исланѓанец пред десетина дена пристигна од Кил како замена за повредениот Безјак, а со оглед на фактот дека стануваше збор за играч на истата позиција како и Кузмановски, неговиот трансфер значеше и нов доказ за недоволна доверба во квалитетите на Македонецот.

Сепак, Кристијансон на самиот почеток од новата авантура заработи тешка повреда на рамото, следната седмица ќе биде опериран, а Магдебург објави дека младиот бек нема да може да настапува до крајот на сезонава. Засега е отфрлена и можноста за нов ракометар, што значи и многу позначајна улога за Кузмановски, кој досегашниот дел од сезоната го мина греејќи ја клупата на Магдебург.

Се вчитува...