Квалификации за СП: Против Шпанија во Сарагоса

Македонската кошаркарска репрезентација квалификациите за Светското првенство 2023 ги продолжува на почетокот на јули против Шпанија, а гостувањето против „црвена фурија“ ќе биде реализирано во салата „Принцот Фелипе“ во Сарагоса.

Овој натпревар ќе биде и реванш средба против Шпанците од кои загубивме во првиот натпревар во Скопје, а воедно ќе важи и за меч во кој ќе ја бркаме првата победа во квалификациите.

По натпреварот во Шпанија на избраниците на Драган Бајиќ им останува само средбата против Укрина на домашен терен која е предвидена три дена подоцна, но останува да видиме дали истата ќе се реализира со оглед на конфликтот во источноевропската држава.

Се вчитува...