Комплетните надежи за триумф на натпреварот против Македонија и пласман на ЕП, Грузијците ги темелат на еден од своите најголеми таленти, Квича Кварачкелија.
Фудбалерот на руски Рубин Казан беше неизвесен за настап поради наводна повреда, но вчера го одработи комплетниот тренинг на грузијската репрезентација најавувајќи дека размислува само на победа на утрешниот дуел, и на ништо друго.
„Целосно посветени на победа“ – напиша Кварачкелија на официјалниот Инстаграм профил испратено и со фотографија од тренинзите на грузијската селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА