Квараскелија најдобар играч сезонава во Серија А

Грузискиот интернационалец Квича Квараскелија е избран за најдобар фудбалер сезонава во италијанската Серија А.

Квараскелија беше еден од главните фудбалери во доминацијата на Наполи и враќањето на титулата во Неапол по пауза од 30 години.

За најдобар напаѓач во Калчолигата е избран и вториот најдобар фудбалер на „наполитанците“, Виктор Осимен.

Се вчитува...