Кварезма „полуде“: Го крена во раце противникот и тргна да го изнесува од теренот (ВИДЕО)

Рикардо Кварезма е фудбалерот за кого многумина велеа дека ќе биде поголем фудбалер од Кристијано Роналдо. Сепак, Португалецот, кој е познат како многу темпераментен фудбалер, остана далеку од постигнувањата на Роналдо, но и на 38 години уште ја има истата желба за надигрување и победа.

Кварезма сега настапува за тимот на Гимараиш, кој на гостувањето кај Белененсесеш загуби со 1-0. Во 90. минута од мечот, домашниот играч Соуса се обиде да „украде“ од времето кога одлучи да леже на тревата, и тоа во моментите кога требаше да биде заменет.

Кварезма знаеше дека Соуса „глуми“, па реши да ги преземе работите во свои раце. Дојде до Соуса, го крена во раце и тргна да го изнесува од теренот. Помина неколку метри, кога повеќе играчи на домаќините реагираа на овој потег на Кварезма и се случи мешаница, а Соуса потоа без никакви проблеми го напушти теренот.

 

 

 

Се вчитува...