Кварезма заминува од Бешикташ, оди во швајцарски Сион

Рикардо Кварезма нема многу моменти за пофалба во дресот на турскиот Бешикташ сезонава. Иако има досега 29 натпревари во сите натпреварувања, последниот период мечевите ги почнува од клупата.

Како дополнение на сето тоа, Бешикташ е и во финансиска криза па како едно од решенијата гледа и во отказ за Кварезма кој е еден од најплатените фудбалери во клубот.

Турските медиуми објавуваат дека челниците на Бешикташ веќе му порачале на 35-годишниот фудбалер дека нема да се смета на него во следната сезона, па може да си бара нов клуб. А како негова следна дестинација веќе се потенцира швајцарски Сион.

 

Се вчитува...