Квеирош најстар тренер до победа на СП, ама до кога…

Карлос Квеирош пред два месеци седна на клупата на Гана и веќе на премиерниот дуел на овој светски шампионат испиша историја – како најстар селектор што стигнал до победа на еден мундијалски натпревар.

Португалскиот стратег се израдува на победата на возраст од 73 години и 108 дена, уривајќи го досегашниот рекорд на Ото Рехагел, кој во 2010 како селектор на Грција се радуваше на триумф на возраст од 72 години и 317 дена.

Интересно, Квеирош не е највозрасниот селектор на овој мундијал, пред него на оваа листа има дури тројца стратези – Дик Адвокат (Курасао)  со 78 годин, Мирослав Коубек (Чешка, 74 години и 9 месеци) и Хуго Брос (Јужна Африка (74 години и два месеци), но овие тројца стручњаци претрпеа порази. Коубек и Брос се среќаваат еден против друг вечерва, па доколку нивниот дуел не заврши нерешено, победникот од овој меч ќе го урне најновиот рекорд на Квеирош.

Се вчитува...