Квитова експресно елиминирана на Вимблдон

Двојната шампионка на Вимблдон, Петра Квитова, доживеа елиминација уште на стартот од годинашното издание на гранслем – турнирот во Лондон. Таа како осма носителка загуби од белоруската тенисерка Алиаксандра Саснович со 2-1 во сетови.

Белорусинката го доби првиот сет со 6-4, а на идентичен начин возврати и фаворитката Квитова во вториот. Но, потоа играта на чешката тенисерка комплетно се распадна, па Саснович славеше со убедливи 6-0 во третиот и решавачки сет.

Во втората рунда се пласираше Канаѓанката Еугени Бушар, која со 2-1 во сетови ја совлада британската тенисерка Габриела Тејлор.

Се вчитува...