Л’Екип ги откри деталите за договорите на Меси: Неверојатни суми!

Лионел Меси по 20 години ова лето ја напушти Барселона реализирајќи трансфер во француски ПСЖ. Барса не можеше да си го дозволи неговиот договор, а ПСЖ сето тоа подготвено го дочека.

Аргентинецот потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Секако, договорот од финансиска страна е огромен па Лео ќе заработи неверојатни цифри.

Угледниот „Л’Екип“ ги откри деталите од договорот кој Меси го има со ПСЖ. Податоците изгледаат помалку неверојатни. Лео за три години, колку би можел да остане во дресот на ПСЖ, ќе инкасира 110 милиони евра нето.

Платата на Меси е 30 милиони евра по сезона, а со неа ќе има и дополнителни 10 милиони евра за лојалност во втората и третата сезона во клубот. А, ПСЖ на Лео ќе му исплати дополнителни милиони евра во клупската криптовалута.

 

Се вчитува...