„Л’Екип“ избра: Асенсио е најдобар млад фудбалер во светот

Престижниот француски спортски весник „Л’Екип“ денеска ја објави листата од 50 најдобри млади фудбалери, на возраст не поголема од 21 година. Во извонредно силната конкуренција за најдобар млад играч за 2017 година според „Л’Екип“ е избран Марко Асенсио, шпанскиот суперталент кој прикажуваше одлични игри на младинското ЕП, но потоа и постигна два нови евроголови против Барселона во рамките од Суперкупот на Шпанија.

Асенсио собра најмногу гласови при овој избор, второпласиран е Деле Али од Тотенхем, а интересно е што Французинот Килијан Мбапе во изборот на францускиот весник ја освои само третата позиција. Веднаш зад новиот ас на ПСЖ се најде уште еден Французин, Усман Дембеле од Барселона, по што следат Џанлуиџи Донарума (Милан), Габриел Хесус и Лирој Сане (Манчестер сити), Кингсли Коман (Баерн Минхен), Маркус Рашфорд (Манчестер јунајтед), Тимо Вернер (Лајпциг)…

Се вчитува...