ЛА Лејкерс освојувач на првиот НБА Куп (ВИДЕО)

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс убедливо ја совлада Индијана со 123-109 во финалето на НБА Купот, и така станаа првите освојувачи на ова натпреварување во историјата. До пехарот Лејкерс ги водеше Дејвис и Џејмц.

Лејкерси од самиот почеток го презедоа водството, и рутински го чуваа во текот на големиот дел од натпреварот, иако Индијана се држеше главно на едноцифрена разлика, се додека Џејмс и другарите не направија серија на крајот од последната четвртина и од 100-96, стигнаа до 115-99, што беше клучно за победата.

Дејвис го заврши мечот со дури 41 постигнт поен, со 29 скока и пет асистенции, а Џејмс го следеше со 24 поениа и 11 скока.

Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА, откако стана првиот МВП во НБА Купот.

Се вчитува...