„Ла лига е подготвена за заминувањето на Меси“

Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас изјави дека е подготвен за заминување на Лионел Меси од шпанскиот фудбал. Аргентинецот во текот на последниот преоден рок бараше од раководството на каталонскиот клуб да замине, но сепак на крајот се откажа од тоа поради големата откупна клаузула.

„Би сакале Меси да остане, но и Нејмар и Роналдо заминаа па не почувствувавме голема разлика. Подготвени сме“, изјави Тебас. 

Меси би можел на крајот на сезоната да ја напушти Барселона како слободен фудбалер, а се поголеми се шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во англискиот Манчестер сити.

Се вчитува...