Ла Лига попушти, му допушти на екс капитенот на Реал да потпише за Хетафе

Ла Лига ја промени одлуката и му дозволи на поранешниот капитен на Реал Мадрид, Дани Карвахал, да потпише за екипата на Хетафе.

Карвахал кој целата кариера ја помина во Реал Мадрид, изминатото лето си замина од „Сантијаго Бернабеу“ и ги договори сите детали со Хетафе, но Ла Лига не даде зелено светло за потписот.

Причина за таквиот потег беше што Карвахал во Реал Мадрид имаше плата од 10 милиони евра по сезона, а сега потпиша за Хетафе за само 400.000 евра.

Но, откако и клубот и фудбалерот упатија жалба на ваквата одлука, Ла Лига попушти.

Се очекува во текот на утрешниот ден и официјално Карвахал да стане нов член на Хетафе, а дебито за новиот клуб да го има следниот понеделник кога Хетафе ќе го пречека Рајо Ваљекано.

Се вчитува...