Ла Лига предаде докази на полицијата за раситичките навреди кон Винисиус

Претставници на шпанската Ла Лига контактирале со полицијата поради расизмот врз Винисиус Жуниор манифестиран минатиот викенд на „Монжуик“ стадионот во Барселона, за време на дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека имало спроведена истрага на „Ел Класико“ и испратила соопштение со докази до надлежните органи, во кое имало видеа од дискриминаторското однесување на фановите кон левокрилниот фудбалер на „кралевите“.

Челниците на „Ла Лига“ очекуваат полицијата да помогне во откривањето на оние кои ги упатиле навредите. Винисиус често пати е подложен на расистички напади. Веќе има една тужба против навивачите на Валенсија од страна на Реал Мадрид токму поради расизам.

Се вчитува...