„Лабав тренинг“: Барса опуштено се подготвува за Вардар

Барселона нема посериозен ривал во АСОБАЛ-лигата, каде каталонскиот гигант се наоѓа на чекор до уште една перфектна сезона. Чави Пасквал и неговите избраници се свесни дека мора да ја темпираат формата за фајналфор турнирот од ЛШ и полуфиналната пресметка со Вардар на 3 јуни, но стратегот на Барса засега настојува што повеќе да ги опушти своите ракометари пред најголемиот предизвик за оваа натпреварувачка сезона.

Така, каталонците утрово одржаа еден крајно „лабав тренинг“, но се очекува како што ќе се приближува стартот на фајналфор турнир, така и темпото на тренинзи да се интензивира, па шпанскиот првак сигурно стопроцентно подготвен ќе влезе во пресметката со Вардар во „Ланксес арена“ во Келн.

Се вчитува...