„Лага е дека Дибала е заразен со коронавирус“

Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала е заразен со коронавирус. Неколку извори утрово објавија дека се работи за лажна вест.

„Бидејќи кружат шпекулации дека Пауло Дибала е заразен со Ковид-19 јас го контактирав и ви тврдам дека тоа е лажна вест. Во одлична состојба е, а во понеделник Јувентус ќе ги прати сите свои фудбалери на тестирање“, изјави новинарот на ЕСПН Андрес Агулја. 

Дибала во моментов се наоѓа во карантин со уште 120 членови на Јувентус, а досега од „старата дама“ потврдено е дека само Даниеле Ругани е заразен со коронавирус.

Се вчитува...