Лајпциг го одбрани трофејот во Купот на Германија (ВИДЕО)

Лајпциг е освојувач на трофејот во Купот на Германија, откако вечерва во финалето го совлада тимот на Ајнтрахт Франкфурт со 2-0 со голови во вториот дел. Со тоа тимот го одбрани трофејот во ова натпреварување, откако го освои пехарот и ланската сезона.

По првиот дел немаше голови, за во вториот Лајпциг да „експлодира“ и да дојде до пехарот благодарание на головите на Нкунку и на Собослаи во последните 20 минути.

Со тоа Лајпциг го освои вториот трофеј во ова натпреварување, во третото финале едноподруго во Купот, а вкупно четврто во нивната историја.

Се вчитува...