Лајпциг ќе игра финале во Купот на Германија

Фудбалерите на Лајпциг остварија прво историско финале во Купот на Германија откако вечерва во полуфиналната пресметка го совладаа на гостински терен Хамбургер со 1-3.

Поулсен го доведе Лајпциг во водство во 12. минута, но дванаесет минути подоцна Хамбургер израмни преку Јата. Клучен момент на натпреварот беше несреќниот автогол на Јањичиќ во 54. минута кој ги исфрли од ритам домашните фудбалери, па Лајпциг до крајот постигна уште еден гол преку Форсберг и ја запечати победата.

Ривал на Лајпциг во големото куп-финале ќе биде подобриот од утрешниот натпревар Вердер – Баерн Минхен.

Се вчитува...