Ефикасните натпревари во Бундеслигата денеска ги затвори Ред Бул Лајпциг со убедлив триумф над Ајнтрахт во рамки на петтото коло.
На првите пет натпревари денеска во Бундеслигата беа постигнати 19 гола, а денот го затвори Лајпциг кој го зголеми просекот благодарение на убедливиот триумф од 6:0 над Ајнтрахт.
Натпреварот го одбележа Кристофер Нкунку кој уште во првото полувреме постигна хет-трик со головите во 5-та, 41-та и во 44-та минута. Најава дека Ајнтрахт ќе доживее дебакл беше првата минута кога Банзузи го отвори резултатот.
Во второто полувреме, Лајпциг постигна само два гола преку Нуса и Гомис за конечни 6:0.
По пет кола, Лајпциг е петопласиран на табелата со девет бодови, додека Ајнтрахт е во долниот дел од табелата со пет освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
