Лајпциг на врвот во Бундеслигата, Чурлинов не доби шанса на мечот на Штутгарт

Лајпциг се проби на лидерската позиција во Бундеслигата, барем до натпреварот на Баерн Минхен против Борусија Дортмунд кој стартува од 18:30 часот, откако во 7. коло славеше против Фрајбург со 2-0.

Конате во 26. минута ја најави победата на Лајпциг, а Сабицер од пенал во 70. минута донесе 2-0. Конечните 3-0 ги постави Анџелино во 89. минута.

Штутгарт на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов пропушти победа против Ајнтрахт Франкфурт. Имаше Штутгарт предност и од 2-0 по првото полувреме, но во вториот дел дозволи два гола на противниците за конечни 2-2. Чурлинов не доби шанса за настап останувајќи на клупата за резервни фудбалери.

Унион Берлин се проби на четвртата позиција на табелата откако славеше убедливо со 5-0 против Арминија Билефилд.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

Аугсбург – Херта 0-3

Мајнц – Шалке 2-2

Лајпциг – Фрајбург 3-0

Штутгарт – Ајнтрахт Ф. 2-2

Унион Берлин – Арминија Билефилд 5-0

Борусија Д. – Баерн М. (18:30 ч.)

Се вчитува...