Лајпциг попушти: Гвардиол заминува во Манчестер Сити!

Јошко Гвардиол во крајот на оваа седмица ќе го комплетира мегатрансферот од Лајпциг во Манчестер Сити, откако двата клуба конечно постигнаа договор околу висината на трансферот.

Лајпциг долго време инсистираше на отштета од 100 милиони евра, но германскиот прволигаш на крајот попушти, спуштајќи ја сумата на 90 милиони евра, пари што челниците на Сити се подготвени да ги платат за да го доведат Гвардиол во своите редови. Во тек се преговорите околу завршните детали и динамиката на плаќање, но се очекува до крајот на денот да биде постигнат целосен договор, со што Гвардиол ќе стане најскап дефанзивец во фудбалската историја.

Според овие најави, хрватскиот интернационалец в петок ќе отпатува за Манчестер, каде по лекарските прегледи ќе го стави потписот на петгодишниот договор со актуелниот европски шампион.

Манчестер Сити ја заврши турнејата во Јапонија и денеска се враќа назад во Англија, па Гвардиол веднаш би му се ставил на располагање на стручниот штаб.

Се вчитува...