Лајпциг реди победи, Менхенгладбах ја продолжува битката за место во ЛШ

Лајпциг продолжува со победите во германскиот шампионат, триумфарајќи со 2-0 против Волфсбург во 29. коло. Сето тоа за продолжување на надеж и за трка за шампионската титула во Бундеслигата.

До победата Лајпциг дојде со головите на Кемпл во 16. минута и Вернер во 28. минута од средбата.

Значаен триумф во битката за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона запиша и Менхенгладбах победувајќи со 0-1 на гостувањето против Хановер. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Рафаел во 53. минута од натпреварот.

РЕЗУЛТАТИ – 29. КОЛО

Хановер – Менхенгладбах 0-1

Лајпциг – Волфсбург 2-0

Штутгарт – Леверкузен 0-1

Вердер – Фрајбург 2-1

Борусија Д. – Мајнц (18:30 ч.)

Се вчитува...