Лајпциг реди победи, само бод за Шалке

Лајциг се зацврсти на четвртото место на табелта откако овој тим со одлична игра стигна до цел плен на гостувањето против Штутгарт со 1-3. Ова беше трета победа на Лајпциг во поледните четири кола, бодови се кои Лајпциг се приближи и до Борусија Менхенгладбах за третото место на табелата. Мечот беше израмнет (1-1) по првото полувреме, за во вториот дел гостите да преземат контрола и преку Сабицер и Поулсен (негов втор гол) да стигнат до цел плен.

Шалке освои само еден бод на домашен терен играјќи без голови против Фрајбург. Главна причина што домаќините не ја оправдаа фаворитската улога беше црвениот картон на Сердар во 42. минута, по што тимот од Гелзенкирхен со играч помалку на теренот не успеа да стигне до победнички гол.

Хофенхајм по ремито во минатото коло во Дортмунд попладнево лесно го совлада Хановер со 3-0, а со идентичен резултат славеше и Волфсбург на домашен терен против Мајнц.

Резултати Германија:

Хофенхајм – Хановер 3-0, Штутгарт – Лајпциг 1-3, Волфсбург – Мајнц 3-0, Шалке – Фрајбург 0-0.

Се вчитува...