Лајпциг се „лизна“ кај Менхенгладбах и го препушти врвот на Баерн и Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Менхенгладбах славеше над Ред Бул Лајпциг со 1-0 во дерби натпреварот од 6. коло во германската Бундеслига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 60. минута кога Волф го постигна победничкиот погодок за голема радост на домашниот тим.

Со овој пораз Лајпциг мораше да го препушти врвот на табелата на најголемите ривали Баерн Минхен и Борусија Дортмунд и во моментов е на 3. позиција со 13 бода. Менхенгладабах е четврти со 11 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...