Лајпциг со пресврт до триумф, Челси го освои Амстердам

Лајпциг со одлична игра во второто полувреме стигна до значаен триумф (2-1) против Зенит искачувајќи се на првото место во групата Г од Лигата на шампионите со шест бода. Челси успеа да го освои Амстердам, откако го совлада Ајакс со 0-1, со голот на Мичи Батшуаи во финишот од дуелот.

Зенит поведе во Германија со голот на Јарослав Ракитски во 25.минута. Но, Лајпциг се разбуди по одморот. Конрад Лајмер во 49.минута израмни на 1-1, а Марсел Сабицер десет минути се потруди за комплетен пресврт.

Ајакс имаше неколку шанси, Квинси Промес во првото полувреме постигна гол кој не беше признат по прегледување на ВАР снимката, а потоа и Дони ван де Бек пропушти одлична шанса. Во финишот Мичи Батшуаи успеа да казни постигнувајќи го победничкиот погодок за Челси во 86.минута од натпреварот. Претходно, и тој пропушти неверојатна можност, но брзо се исправи со голот за триумф.

Се вчитува...