Лаказет има „дил“ со Атлетико Мадрид, но …

Александр Лаказет не крие дека планира летово да си замине од Лион, откако вчера самиот обелодени дека е дојдено времето за разделба од клубот за кого постигна дури 36 погодоци во сите натпреварувања сезонава. Не е тајна ниту дека Лаказет има желба да се пресели во Атлетико Мадрид, но претседателот на Лион, Жан Мишел Ола напомена дека за овој трансфер да се реализира најпрвин ќе треба ФИФА да ја крене забраната за трансфери што ја има изречено за клубот од „Висенте Калдерон“.

Алекс има вербален договор со Атлетико Мадрид, а ние од почит кон неговата желба воопшто не ги разгледуваме понудите од останатите клубови. За возврат очекуваме трансферот да се комплетира под наши услови, без премногу пазарење, но и тоа ќе може да се случи дури откако ФИФА ќе ја крене забраната што ја има изречено за Атлетико да може повторно да ангажира нови фудбалери“ – истакна Ола во интервју за францускиот весник Л’Екип.

Се очекува Лион да бара 40 милиони евра за својот најдобар голгетер, сума што Атлетико е подготвен да ја плати. Лаказет би пристигнал во Мадрид како замена за Кевин Гамеиро, кој се наоѓа пред трансфер во Кина.

Се вчитува...