Лаказет ја одбил понудата на Интер

Францускиот интернационалец Александре Лаказет ја одбил понудата на Антонио Конте по завршувањето на сезоната да се пресели во Италија и да го облече дресот на Интер. Тренерот на „нероаѕурите“ е по интензивна потрага по нов напаѓач откако станува се појасно дека Лаутаро Мартинез ќе направи трансфер во Барселона за 110 милиони евра. Конте смета дека Лаказет би бил одлично решение за навалната линија и супер – партнер на Ромелу Лукаку, но, сепак, неговата желба нема да биде остварена.

Лаказет кој има договор со Арсенал до јуни 2022 година, одлучил да остане на „Емирати“, иако Микел Артета многу поголема доверба има во Пјер – Емерик Обамејанг. Сепак, предизвикот да се игра во Премиер – лигата за Лаказет е поголем од идејата да биде фудбалер на Интер.

Се вчитува...