Лаковиќ: УЕФА и препорача на ФФМ да нема промена на делегати и Статут пред Собрание

Директорот на национални асоцијации при УЕФА, Зоран Лаковиќ кој денеска е претставник на Европската куќа на фудбалот на Изборното собрание на ФФМ во Скопје, обраќајќи се до присутните делегати се осврна и на темата која беше најексплоатирана во фудбалските кругови.

Агенцијата за млади и спорт бараше промена на Статутот на ФФМ пред одржувањето на Собранието, дел од домашните клубови и фудбалската опозиција бараше и промени на делегатите во највисокото фудбалско тело. Лаковиќ денеска во своето обраќање истакна дека УЕФА и препорачала дека не треба да има промени на Статут и делегати пред Собранието за да нема надворешно влијание на регуларноста на еден четиригодишен мандат.

„Може да информирам дека ние како УЕФА и УЕФА одлучивме дека не е регуларно да се реализираат промени на Статут и делегати во период пред одржување на Изборно собрание. За да нема злоупотреби. И нашата одлука е таа, и затоа препорачавме на ФФМ да нема промени пред собранието“ – истакна Лаковиќ, притоа дополнувајќи:

„Но, промени и ревизија на Статутот, и со посредство на ФИФА и УЕФА, секако ќе има, откако ќе се изврши изборот на новото раководство по денешното Собрание. За оваа проблематика веќе се вклучени и експерти од ФИФА и од УЕФА. Затоа во овој момент важно е да се избере раководство за следните четири години. Може слободно да кажам, а за тоа ете има потврда и од вашите државни институции, дека Фудбалската федерација е најдобрата федерација во Македонија за изминатава година. Ниту една друга федерација не инвсетира толку за спортот како ФФМ, и тоа треба да се знае и да се поддржи“.

Се вчитува...