Лакрабер избрана меѓу трите ѕвезди на Ф4 во Будимпешта… (видео)

Француската интернационалка од редовите на Вардар, Александра Лакрабер е избрана, според ЕХФ, меѓу трите ѕвезди кои го одбележаа Фајнлфор турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта.

Лакрабер беше одлична во составот на Вардар на двата натпревари, сосема заслужено наоѓајќи место меѓу трите најдобри ракометарки, заедно со Анита Горбич и Нике Грут од Ѓер.

* Изборот на најдобрите три од Ф4 во Будимпешта може да го погледнете на следниот ЛИНК

Се вчитува...