Лалатовиќ направи нов скандал – Се закануваше со колење (ВИДЕО)

Темпераментниот тренер на Војводина,  Ненад Лалатовиќ предизвика нов скандал на натпреварот против Раднички од Ниш.

Лалатовиќ е познат по контроверзните однесувања крај аут линијата, а емоциите не можеше да ги контролира ни на мечот против поранешниот клуб. Тој доби жолт картон поради конфликт со противничкиот тренер, но тука не застана. Тој влезе во конфликт и со противничките навивачи. Скандалот доживеа поголеми размери кога младиот тренер почна да се заканува со колење, поради што главниот судија мораше да го испрати на трибините.

Интересен е податокот што неговиот тим го доби мечот со 1-2.

 

 

Се вчитува...