Лам откри зошто ја одбил Барселона

Легендарниот германски фудбалер Филип Лам ја откри причината поради која своевремно ја одби Барселона. Лам во минатото беше еден од најдобрите десни бекови, а не е тајна дека заинтересиран за неговите услуги беше и каталонскиот гигант.

„Барселона која во тоа време беше заштитен знак на европскиот фудбал, сакаше да дојдам во Шпанија. Понудата беше активна. Моите блиски пријатели кои знаеја за понудата сакаа да се преселам во Барселона. Но, сепак постоеше еден проблем, тоа бев јас. Се воодушевував на Барселона и на фудбалерите, но не се гледав на „Камп ноу“. Знаев дека сум роден за големи нешта, но тие сакав да ги направам со Баерн. Затоа ја одбив Барселона“, изјави Лам. 

Филип Лам во пензија замина во 2017 година. За „баварците“ одигра 332 натпревари, а со нив ја освои и Лигата на шампионите, а со германската репрезентација го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Се вчитува...