Ламаркус Олдриџ се врати од приморената пензија и повторно ќе заигра за Бруклин (ФОТО)

Седумкратниот Ол-стар играч, Ламаркус Олдриџ кој мораше да замине во приморена пензија откако му се појавија проблеми со срцевата аритмија во новата сезона се враќа на паркетот и повторно ќе го носи дресот на Бруклин, потврди клубот.

Олдриџ својата кариера ја започна во дресот на Портланд чии бои ги бранеше девет години, потоа следеше премин во редовите на Сан Антонио за по прекинот на договорот со тексашкиот тим да се приклучи на Бруклин во обид да стигне до шампионски прстен. За тимот од Њујорк одигра само пет натпревари по кои мораше да мирува.

Се вчитува...