Лампард го добива менаџерското место во Челси во следните 48 часа

Челси ќе го промовира Франк Лампард во следните 48 часа тврдат добро информирани британски медиуми. Легендата на лондонски клуб ќе се врати „дома“ во пакет со помошникот Џоди Морис кој и во Дерби му е „човекот број два“.

Добрата работа на Лампард во Дерби, особено со младите фудбалери, двајца од најдобрите се на позајмица токму од Челси, била импресивна за Абрамович и неговите соработници.

Дерби пак се обиде да го задржи нудејќи му договор вреден 10 милиони фунти. Сепак, Лампард му соопштил на сопственикот дека сака да си оди и периодов се преговара околу пакетот за компензација.

Ако дојде во Челси, Лампард ќе има тешка задача со оглед дека клубот има забрана за трансфери во двата претстојни преодни рока, а го загуби и Еден Азар. Олеснување е што клубот има дури 43 играчи испратени на позајмици.

Се вчитува...