Лампард го најде „лекот“ за Пеп Гвардиола

Манчестер Сити од вечерва повеќе не е првак на Англија, откако по поразот од Челси (2-1) „граѓаните“ ги загубија и оние теоретски шанси да го стигнат Ливерпул, предавајќи му го тронот на англискиот фудбал на тимот на Јирген Клоп.

Сити како и на неколку натпревари претходно сезонава имаше повеќе од играта, но скапо ги плати грешките во одбраната. При првиот гол на Челси, катастрофално погреши Менди, по што Пулишиќ со извонреден трк во контранапад го совлада Едерсон. Гостите израмнија со евроголот што од слободен удар го постигна Де Бруине, потоа опасен удар имаше и Стерлинг, за Челси сепак да го зададе последниот удар.

Сити најпрвин се спаси откако Пулишиќ го мина и Едерсон, но топката од самата гол-линија ја спаси Вокер, но нешто подоцна Фернандињо играше со рака пред самиот гол, Бразилецот доби црвен картон, а Вилијан го претвори пеналот во победнички гол за Челси.

„Сините“ со оваа победа имаат удобна предност од пет бода во однос на петтопласираниот Манчестер Јунајтед, правејќи огромен чекор напред кон излез во Лигата на Шампионите следната сезона.

Се вчитува...