Лампард не донесе ништо ново: Евертон поразен од Њукасл (ВИДЕО)

Ниту Френк Лампард не го разбуди Евертон од агонијата која ја остави Рафа Бенитез на клупата на „сините“ од Ливерпул. Деби со пораз за легендарниот фудбалер и тренер на Челси на клупата на Евертон, а важна победа за Њукасл од 3-1 на свој терен во битката за опстанокот.

А, добро почна Евертон и во 36. минута поведе со автогол на Ласкелс. Сепак, Холгејт на спротивната страна исто така со автогол донесе израмнување. Фрејзер во 56. минута донесе пресврт за Њукасл, а потоа Трипие од слободен удар во 80. минута го поведе Њукасл кон победа.

Евертон може да биде и среќен со овј резултат, затоа што домашниот тим ја погоди и стативата.

Во вториот натпревар Вест Хем на домашен терен беше поуспешен од Ватфорд. Стрелец на голот за победа од 1-0 беше Боуен.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...