Лампард се надева на „најубавата спортска приказна“

Менаџерот на Челси Френк Лампард е свесен дека неговиот тим не е фаворит во мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Челси го очекува германскиот гигант по победата против Тотенхем во Премиер-лигата.

„Имаме неколку искусни и неколку млади фудбалери. Тие мора да знаат што барам јас од нив. Мораме да бидеме максимално подготвени. Не смееме да дозволиме да не понесе моментот. Баерн е тим што може да ја освои ЛШ буквално секоја година. Јасно е зошто не не сметаат за фаворити. Но, ние сме тука тоа да го промениме и да ја напишеме „најубавата спортска приказна““, изјави Лампард. 

Мечот е на програмата вечерва во 21 часот.

Се вчитува...