Лампард во проблем, Челси игра финале со Арсенал, а Вилијан има понуда да стане „топчија“

Бразилецот Вилијан по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Стемфорд бриџ“. Челси не отстапува од стратегијата на фудбалерите над 30 години да им нуди продолжување на соработката за само една сезона, а тоа не му се допаѓа на одличниот крилен офанзивец. Но, тоа му носи нова главоболка на менаџерот Франк Лампард пред финалето на ФА купот на Анлија кое е закажано за 1 август. Челси ќе игра против Арсенал, тимот кој сака да го добие Вилијан по истекот на сезоната.

Медиумите во Велика Британија најавуваат дека Вилијан можеби ќе биде изоставен од составот на Лампард. Тоа секако ќе биде тешка одлука за Франк Лампард, а без него во тимот Челси би бил многу послаб во големото финале. Арсенал на Вилијан му нуди тригодишен договор и поголема плата од досегашната. На Бразилецот му одговара да остане во Лондон и само да го смени дресот.

 

Се вчитува...