Лапорта: Барселона го лаже Меси, тој верува само на мене

Жоан Лапорта, кандидатот за нов претседател на Барселона, остро го осуди однесувањето на управата на клубот кон Лионел Меси.

Според Лапорта, Аргентинецот е подготвен да остане на „Камп Ноу“, но управата мора да го убеди во квалитетот и потенцијалот за тимот да продолжи да се бори за трофеите во најголемите натпреварувања.

„Лео мора да види дека има конкурентен тим кој е во состојба да ја освои Лигата на шампионите, која беше не успешна во изминатите години. Клубот постојано го лажеше и згора на тоа, работите не одеа како што беа договорени и на начин што сите ги очекуваа и посакуваа. Аргентинецот е  во момент кога во кариерата сè уште сака да биде успешен и да освојува титули. Меси не може да прифати дека другите го освојуваат трофејот во Лигата на шампионите, и дека Барса, со Лионел Меси, најдобриот играч во историјата на фудбалот, нема тим што е во состојба да се натпреварува во најелитното европско натпреварување “, јасен е Каталонецот.

Како потенцијални „дестинации“ на Меси се споменуваат Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.

„Не го гледам Меси во дрес што не е на Барселона. Приказната меѓу него и клубот е убава, па претседателот што доаѓа е обврзан да ја продолжи. Не го гледам како игра за друг клуб. Го гледам само во нашиот дрес. Во Барселона е особено важно да се подобри финансиската состојба, а главен приоритет ќе биде Лионел да го убедиме да остане. Се надевам дека ќе пристигнам на време. И јас ја имам предноста, зошто ја имам довербата од Меси. Тој знае дека мојата понуда, програма и концепт, ќе бидат исполнети во целост. Мислам дека тоа помага и дека тоа е моја предност пред другите кандидати “, додаде Лапорта, кој веќе беше претседател на Барса од 2003 до 2010 година.

Изборите за нов претседател на каталонскиот гигант ќе се одржат во јануари.

Се вчитува...