Лапорта ги демантираше шпекулациите: Не сум преговарал со Халанд

Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта, експресно ја демантираше пласираната информација дека пред неколку дена имал состанок со голгетерот на Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Лапорта даде само комплименти за напаѓачот на Дортмунд, па потенцираше дека секој тим посакува ваков напаѓач во своите редови.

„Не е точно дека сум преговарал со Ерлинг Халанд. Во Барселона има едно правило, а тоа е дека ние никогаш директно не преговараме со фудбалерот. Кога ќе дојде моментот за преговори, ние ќе ги контактираме челниците на Борусија од Дортмунд“, изјави Лапорта.

Се вчитува...