Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, официјално потврди дека во текот на летото се обидел да го ангажира Лаутаро Мартинез од Интер, но безуспешно.
Во интервју за „Кориере дела Сера“, претседателот на Барселона го потврди својот голем интерес за напаѓачот на „Нераѕурите“ и објасни зошто преговорите не напредувале. Ситуацијата се одвивала откако пропаднал обидот за ангажирање на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, по што Барселона го насочила вниманието кон други опции, надевајќи се на трансфер во завршната фаза од преодниот рок.
Била испратена понуда за најдобриот стрелец во Серија А од претходната сезона, но раководството на Интер воопшто не сакало да ја разгледа.
Првиот човек на каталонскиот клуб ја истакна својата висока почит кон квалитетите на Аргентинецот и откри детали од зад сцената во врска со потенцијалниот трансфер на капитенот на миланскиот клуб.
„Лаутаро е едноставно извонреден фудбалер и лично му се јавив на Марота за да се обидам да го доведам во Барселона, но… Ќе ви кажам како се одвиваа работите. Директно му се јавив на претседателот на Интер, без посредници, и му реков дека би бил пресреќен да го имам Лаутаро во мојот тим и дека навистина му се восхитувам. Сепак, тој не ми дозволи ниту да ја завршам реченицата. Јасно стави до знаење дека играчот не е на продажба и дека тој не е оној што одлучува за евентуален трансфер. Тоа стави крај на сите разговори. Не постоеше можност за продолжување.“ „Со Марота имаме однос на меѓусебна доверба и не инсистиравме повеќе на таа тема од почит кон него и кон клубот што го води“, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
